Емина Јаховиќ заљубена во нов турски милионер

Пејачката Емина Јаховиќ има нов дечко милионер, пишуваат турските медиуми. Таа на крајот на минатата година раскина со турскиот бизнисмен Садетин Саран, а сега, како што се пренесуваат медиумите, е во врска со Салих, синот на турскиот милионер Ибрахим Чечена.

Емина и Салих се запознале во истата вежбална во која пејачката го запознала и Садетин. Емина ја криела врската со помладиот син на турскиот милионер веќе неколку месеци.

Ибрахим Чечен во турската јавност е познат како сопственик на една од најголемите компании во Турција. Турските медиуми пренесуваат дека и поранешниот и сегашниот партнер на Емина се занимаваат со инвестиции и дека и двајцата се тешки по неколку милиони.

Освен што сакаат да инвестираат, двајцата посетувале иста вежбална. Како што пренесуваат турските медиуми, Емина за новиот дечко им кажала само на најблиските, но не успеала тајната романса, долго да ја сокрие од јавноста.

Scroll to Top