Емина не била на свадбата на брат ѝ, пејачката негира дека се скарани

Пејачката Емина Јаховиќ ги негирала сите шпекулации поврзани со несогласувањата кои таа ги имала со нејзиниот брат. Емина вели дека е многу поврзана со нејзиното семејство и покрај тоа што ретко може да се видат во јавност.

Медиумите пишуваа дека пејачката е скарана со сопругата на нејзиниот брат Мирсад Јаховиќ, а како резултат на тоа Емина не присуствувала на нивната венчавка. Сепак, таа ги негираше ваквите пишувања во медиумите.

„Апсолутно не е вистина дека имам што било против сопругата на Дино. Мојот брат го сакам најмногу на светот и се разбира дека ја почитувам личноста која го прави среќен. И двајцата се во брак веќе неколку месеци, а сега беа во општина да се регистрираат. Сите во семејството се сакаме беспрекорно. Од нив ја добивам најголемата поддршка во животот. Тоа е вистината и така ќе остане засекогаш“, изјавила Емина.

Братот на Емина, Мирсад, со својата прва сопруга, поранешната мисица Дина Џанковиќ, има три деца, синот Нусрет и ќерките Каира и Неба. Од неа се има разведено во 2012 година, а во 2016 година се оженил по вторпат, со Душица Трниниќ. Со неа има два сина.

Scroll to Top