Емина се смири со турскиот милионер, Садетин барал почит од неа

Српската поп ѕвезда Емина Јаховиќ како што пренесуваат турските медиуми, ја обновила романсата со турскиот милионер Садетим Саран. Пејачката вели дека е посреќна од кога било претходно, не не откри како се смириле.

Магазинот „Свет“ пишува дека Садетин се согласил да се смират под услов Емина кон него во иднина се однесува со повеќе почит. Турчинот наводно се наљутил кога Емина изјавила дека нема никогаш да се омажи.

Пејачката изјави дека новиот маж може да влезе во нејзиниот живот, само за да го направи поубав, но нема да ја интересира кога тоа ќе престане. Тогаш како што наведуваат медиумите познатата двојка раскинала.

Садетин и порачал на Емина во моментите на смирување дека мора да има повеќе почит кон него. Поточно, дека тој не е дете и дека таквите изјави не се добри за неговиот бизнис. Тој сака да биде претставен во јавноста како што треба и дека таа треба да биде сигурна дека сака да биде со него.

Како што пренесуваат медиумите, Емина сè согласила на сето тоа, затоа што ѝ на неа важен и бил Садетин.

Scroll to Top