Емотивно на Вела Лука и пет години без Оливер: на концертот во негова чест имаше 20.000 луѓе

Вчера беа одбележани пет години од смртта на Оливер Драгојевиќ. На пристаништето кај Вела Лука, на Корчула беше преполно, за концертот организиран во негова чест. Над 20 илјади луѓе му оддадоа почит на својот „капетан“, пишува „Јутарњи лист“.

Запалени беа и факлите од сите бродови и помали бородчиња кои пловеа по Јадранското море.

Со песна му одадоа чест многу јавни личности, меѓу кои Мери Цетиниќ, Данијела Мартиновиќ, Натали Диздар, Лорена Буќан, Хари Рончевиќ, Горан Каран, Марко Тоља, клапа „Суфит“, Матија Цвек, Јуре Бркљача и атракцијата од Нов Зеланд, „The Shades“.

Познатите личности имаа одлични настапи, прекрасни и емотивни моменти на сцената. И многу, многу публика, туристи, мештани, сите оние кои ги сакаа песните на Оливер.

Фото: Јутарњи љист и 24.хр

 

Scroll to Top