Ера Ојданиќ има 36 години помлада девојка

Српскиот пејач Ера Ојданиќ (71) откри дека конечно ја нашол својата „сродна душа“. Тој во интервју за „Курир“ се пофалил дека има 35-годишна девојка во која е многу заљубен.

„Се чувствувам фантастично покрај неа. Чекав и конечно дочекав. Кога сите спијат, јас излегувам, одам кај мојата девојка. Има 35 години, паметна е, сериозна, мојата сродна душа. Ама, нема да ви откријам како се вика и што работи“, рекол Ера во интервјуто.

 

Ера беше во брак со Љупка Ојданиќ до 2009 година. По разводот често беше во врска со помлади девојки.

Scroll to Top