За време на гостувањето во емисијата „Press pretres“ Ера Ојданиќ ги изгубил нервите и по прашањето на водителот Синиша Медиќ и почнал да се соблекува, по што обезбедувањето го изнеле од студиото.
Се почнало кога Медиќ констатирал:
„Многумина велат дека сте перверзен“.
„Што сум јас? Дали ти ме повика во емисија да направиш мајмун од мене или да се зезаме“, возврати Ојданиќ, а водителот продолжил:
„Па сте се сликале на плажа гол, а во ваши години тоа е грозно“.
„Да? Па зар не можам да се соблечам?“, возвратил Ера и почнал да се соблекува, по што многу брзо останал само по гаќи, по што морало да се вмеша и обезбедувањето.
Многумина сметаат дека ваквата расправија била испланирана однапред.