Еве како Раста ја смува Ана Николиќ

Раперот со години имал желба да ја запознае Ана, а во една своја песна дури и ја спомена.

Кога во 2016 година прочуре информацијата за врската меѓу Ана Николиќ и Стефан Џуриќ Раста, никој не можеше да верува дека и двајцата се заедно. Но, она што е малку познато, е дека кој прв дозна и ја откри информацијата дека се заедно.

Станува збор за тогашниот соработник на Раста Џоле Џогани, кој изјави дека Раста е потполно луд за Ана, и дека сака да се ожени и дека никој не може да го одговори од тоа.

 

Но, желбата на Раста за Ана постоеше и многу пред тоа, кога се запознаа. Како што минуваа години се зборуваше меѓу неговите блиски луѓе, дека со години наназад зборувал како Ана е единствената која му се допаѓала од естрадата, и дека тивко страда по неа. Кога во 2015 година ја снимаше песната со Буба Корелија, и Јала Братом, под името „Боинг“, Раста во еден дел дури и ја спомена Ана, и тоа во перверзен и нецензуиран контекс.

“Mala je avion, tako ne može me niko dić’, dolara milion k’o da jebem Anu Nikolić”, гласеше стухот кој го отпеа Раста.

Потоа, Ана имаше подготвен и готов албум кој требаше да го издаде. Но, во последен момент се откажа од компелтниот албум, а откако ја нагови другарка и Тијана Тодоровиќ, Ана му рекла на брат и и соработниците да го винкат Раста.

Како што рекоа тие кои и во тие моменти им беа блиски, меѓу нив веднаш се запалила искрата. На Ана силно и легна неговата енергија и талент, и и годеше тоа што е поинаков од другите. Познато е со какви мажи Ана беше пред тоа, како и колку не била среќна и дека секоја врска завршила скандалозно и болно. Но, Раста и даваше внимание како никој претходно, и двајцата видоа во едниот и другиот пријатели за цел живот, а потоа и се останато. Тоа што ја освои пејачката, е тоа што Раста не ја гледал исклучиво како сексуален објект, како што тоа беше случај со мажите пред него.

Точно е дека нивните семејства на почетокот воопшто не беа за таа врска, туку напротив. Беа против и со сите сили се трудеа да ги убедат дека не се еден за друг. Но, ни Ана ни Раста никого не слушаа, туку пуштија времето да си го направи своето.

 

И го направи. Многу брзо тајно се венчаа, и им пркосеа на другите, а вчера на 3 август во четвртокот, во 9:30 часот претпладне станаа родители за прв пат.

 

Scroll to Top