Деновиве бугарската музичка ѕвезда Галена го пушти во етер новиот спот „The Boss“, снимен во Монако! Клипот е најскапиот снимен досега во Бугарија, а можеби и на Балканот и пејачката ја чини цело богатство. Телото, лицето и косата на Галена ќе натераат многу жени да и завидуваат и да се искомплексираат, а мажите да покажуваат кон партнерот со прст и да се жалат: „Ех, да беше и мојава ваква!“ Ама, каква е тоа ваква?
Ако одговорот е совршена, тогаш длабоко сте во заблуда, бидејќи ниту Галена, ниту било која друга од топ убавиците во реалноста, не се воопшто такви. Погледнете ги фотографиите од фотосесиите и клиповите, а потоа погледнете ги и оние направени на нејзиниот настап. Да, разликата е убиствена, но реалноста е она што го гледате!
Само пред неколку дена „совршената“ Галена од Монако пееше пред своите фанови во С’лнчев Брег и немаше ништо заедничко со онаа од спотот. Подуена – дали од жештина или од задржување на водата, со јасно изразен целулит на бутините отечено лице, со мрсна, па дури и ретка коса.
Да, тоа е Галена и тука „не заиграл“ фотошоп. Пејачката е ваква и ваква ја гледа нејзиниот партнер секој ден. Сепак, со сите нејзини несовршености како и секој нормален човек, Галена не е помалку убава. Таа е природна и убава. Небитно што не е како штотуку излезена од моден магазин, каде впрочем, моделите исто така минуваат низ „китирање“ и фотошоп, за да го доловат она што се бара од нив.
Затоа добро е сите млади девојки да престанат да копнеат по визијата за совршен изглед на нивните идоли од екранот. И да разберат дека тие исто така имаат слични бутини како нивните, задници и кожа како портокал. Вештачка манија по совршенство и лажни слики, кои со години се форсираат на балканскиот медиумски пазар. И заради кои многу тинејџерки се здобија со болести како булимија и анорексија. Да не зборуваме за количеството ботокс и хијалуронска киселина, која наместо во убавици ги претвора во „чудовишта“.