Еве колку години има Александра Пријовиќ – нема да верувате, сите мислеа дека е постара

Таа е на сцената со години, а според многумина, постигна успех што малкумина од нејзините колешки го имаат. Александра Пријовиќ моментално е една од најпопуларните пејачки во регионот, пишува Ало.рс.

На нејзината концертна турнеја „Од исток до запад“, таа одржа 63 концерти, а нејзините бројни обожаватели се шокирани кога ќе слушнат што успеала да постигне во своите години.

Имено, Александра е родена на 22 септември 1995 година во Сомбор, па годинава ќе полни 30 години.

Таа се омажи за Филип Живојиновиќ во 2018 година, а нејзиниот вртоглав подем започна три години подоцна кога го издаде својот втор музички албум насловен „Звукот на тишината“.

Александра Пријовиќ е бремена и наскоро ќе роди девојче. Двојката веќе го има синот, Александар.

Scroll to Top