Езел ја изневерувал трудната сопруга со познат турски глумец

Турскиот глумец Кенан Имирзалиоглу, познат по улогата на Езел, ја изневерувал сопруга со друг турски актер, тврдат тамошните медиуми. Заради аферата, бракот на Кенан и глумицата Синем Кобал е во криза, оти глумицата, која е бремена, неодамна дознала за неговата наводна афера.

Кенан подолго време пробува да го чува приватниот живот во тајност, бидејќи низ годините често бил мета на различни афери. На почетокот на 2013 година се пишуваше дека турскиот заводник е хомосексуалец, но тој ги негираше овие обвинувања. Деновиве, турските медиуми повторно пишуваат дека Кенан ја изневерува бремената сопруга со 37-годишен колега, но неговото име не се открива.

„Синем знаеше во што се впушта. За неговите прељуби се зборува со години. Сепак, таа го сака и верува дека ќе сфати дека е сè што му треба. Таа веруваше дека детето ќе ги приближи уште повеќе“, изјавил неименуван извор за турските медиуми.

Синем и Кенан се запознале во 2015 година на снимањето на серијата во која заедно глумеле. Таа толку многу се заљубила во Кенан што го оставила фудбалерот со кој била во врска во тоа време и само една година подоцна се венчаа.

И покрај бројните пишувања, Кенан за сега не ја негирал, ни потврдил аферата.

Scroll to Top