Фановите ја навредуваа Беквалац во живо на „Инстаграм“

Наташа Беквалац денеска попладне се вклучи во живо на „Инстаграм“, каде што половина час комуницира со фановите.

Пејачката првпат зборуваше со обожавателите за претрпениот стрес и повреди што ги доби од нејзиниот сè уште законски сопруг Лука Лазукиќ.

Наташа Беквалац е на суд со Лука Лазукиќ бидејќи го пријави за физичко насилство што се случи во нивниот стан на Дедиње ноќта меѓу 13 и 14 април 2018 година.

Меѓу големиот број прашања на кои Наташа одговарала, имало и негативни, но и срамни прашања и коментари. Една личност напишал дека Наташа добила ќотек затоа што се однесувала како спонзоруша.

„Спонзорушо, само го користеше, па ти го удри ќотекот!“, бил коментарот што го добила Наташа од еден од нејзините следбеници на социјалните мрежи.

„Така е, мачко, љубов моја. Што го повреди толку тоа момче за да има потреба така да се пресмета со мене?“, му одговори Беквалац.

Беквалац на публиката во живо ѝ порача дека повеќе нема намера да снима тажни песни.

„Повеќе нема да снимам тажни песни во кои јас не чинам и се покажувам како тажна личност. Ќе снимам исклучиво феминистички песни затоа што тоа што го пееш, тоа и ти се случува“, порача Беквалац.

 

Scroll to Top