Фановите се простија од Оливер Драгојевиќ на социјалните мрежи

На социјалните мрежи, но и на некои портали во регионот се појави лажна вест дека хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ починал.

Неговите фанови на социјалните мрежи се опростија од него мошне емотивно, но без потреба.

Неговата состојба е тешка, што докажува и тоа што го откажа концертот, но пејачот не се предава.

Оливер е во многу тешка состојба, и мора да ја разочара публиката која толку време го следи, но сите веруваме во позитивен исход и нови концерти“, наведе негиовиот ПР тим.

Но, на социјалните мрежи се шират лажни вести за неговата смрт.

 

На овие опростувачки пораки многумина ги видеа коментарите дека Оливер е жив, но и дека понатаму е во лоша состојба.

Некои портали објавената вест веднаш ја избришаа, па на многумина не им е јасно што се случува.

Како што јави еден хрватски портал, на еден настан на кој се појавил градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, открил дека Оливер е во кома и ги повикал сите да се молат за него.

„Додека патував ми се јавија дека Оливер паднал во кома. Да се помолиме за неговото здравје“, изјавил наводно градоначалникот на Загреб.

 

Scroll to Top