Турската актерка Дениз Чакир, која се прослави со улогата на Ферхунде во серијата „Кога лисјата паѓаат“, живее во куќа од 200 квадрати на брегот на Босфорот, во квартот Куручешме во Истанбул. Таа во Истанбул се доселила во 2004 година, а во станот во кој живее денес е од 2016 година. Друштво ѝ прават нејзините мачки Шати и Пиринч.
„Живеев во Арнавуткој, на Бешикташ и Нишантш, последна станица ми е Куручешме“, рекла Дениз за турското издание на магазинот „Инстајл“. „Тука најмногу ми се допаѓа. Куќата ме освои на прв поглед и во мене разбуди пријатни чувства. Во претходните станови глумев среќа, можеби затоа што сум јарец во хороскоп, па истрајувам во намерите, но овде се чувствувам спокојно без каков било труд. Како на некој начин да ме прибрала и поради тоа чувствувам длабок мир. Се покажа дека ми требало куќа со поглед на море, полна со прекрасна светлина и целата покриена со огледала. Во ниедна друга не можев себеси да се видам на овој начин“, раскажала таа.
Дениз, единствено, ги сменила тапетите и додала неколку парчиња мебел по свој вкус. Најважен ѝ е плакарот за книгите, а водела сметка да нема премногу завеси и теписи. Ги има само во спалната соба. Големиот луксузен дом има салон, отворена модерна американска кујна, три големи соби и две бањи.
Дениз, која ја сметаат за една од најдобро облечените Турчинки, едната соба ја претворила во гардеробер.