Филип и Александра потрошиле 5000 евра за детска соба

Пејачката Александра и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ потрошиле 5000 евра за детската соба, за бебето кое го очекуваат во април. Младата брачна двојка вели дека сака на време да се подготви за големиот настан.

„Александра и Филип живеат во стан во населбата Степ Степановиќ. Станот го опремиле на начин на кој тој изгледа како семејно гнездо. Сакаа да бидат самостојни. Одбија по венчавката да живеат во вилата на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ. Александра е таа која сакала да има свој дом на друга адреса. Сега додека е во бремена состојба, таа активно работи на новиот албум. За време на паузите со Филип ја опремуваат детската соба. Во последните денови двајцата разгледуваа низ бројни продавници низ градот, затоа што сакаа во новата година да влезат целосно опремени“, вели извор близок до брачната двојка, кој додава дека мајката на Александра, Борка им помага околу изборот на намештај.

„Собата ќе биде во бело со нијанси на сино, како небото. Александра сакала да има голем плакар на кој ќе го пресоблекува и бања бебето. Тука се и необичните ламби на ѕидовите. Имаат купено голем број бебешки парчиња облека и играчки. Важно им е бебето да спие на удобно на природни материјали. Поради тоа душекот го порачаа од странство и очекуваат наскоро да стигне. Двајцата воделе сметка сите материјали кои се наоѓале во детската соба, од гардеробата, па се до играчките, бидат од природен материјал. Поради тоа морале да искешираат повеќе од 5000 евра.

Нивната соба е преполна со подароци кои ги донеле Лепа Брена и мајката на Филип Зорица кои ги купиле од патувањата од егзотичните места каде биле.

Александра донела одлука дека сака да се породи во Србија, иако претходно се појавија гласини дека тоа ќе го направи во Америка, каде Филип има свој бизнис.

„Филип и јас заедно со семејството одлучивме да се породам во Белград. Така е најдобро. На бебето нема ништо да му значи ако местото на раѓање му е во Европа или Америка, а српските клиники по стручност се на исто нивно на светските. Покрај тоа, ние сме во нашата земја, па што и да ни затреба брзо ќе го решиме“, изјави претходно Пријовиќ.

Кум на бебето ќе биде колегата на Пијовиќ, Ацо Пејовиќ, кој исто така се подготвува за доаѓњето на бебето, кое ќе го носи неговото име. Пејовиќ и таткото на Филип се договорија околу музиката која треба да трае три дена.

 

 

 

Scroll to Top