Фитнес инструктор со неговиот љубовник подведувале старлети кои наплаќале 5.000 евра за ноќ, апсења за елитна проституција во Белград

Српската полиција синоќа разбила синџир на елитна проституција во Белград и уапсила дваесеттина лица. Меѓу уапсените биле и макроата Душко Бањац и фитнес инструкторот Никола Анѓелиќ, а осомничени се и старлетите Сања Станковиќ и Наташа Шавија.

Девојките наводно биле подведувани од Бањац и Анѓелиќ, а на списокот биле и плејбој зајачицата Мартина Рајиќ и уште неколку девојки. Против сите нив, како и против организаторите се поднесени кривични пријави. По некои сè уште се трага, дел се уапсени, а дел се во бегство.

„Во полициската акција им беа одземени лаптопите, УСБ-уредите каде ги чувале сите податоци, како и цените на услугите што ги давале девојките кои работат за Душко и Никола. На компјутерот биле пронајдени белешки со датуми кога девојките се сретнале со клиентите, забавите на кои оделе, каталозите и хотелите каде што престојувале. Преку Јелена Јојиќ Мадам организирале девојки, правеле оргии за политичари, бизнисмени и спортисти, а понекогаш и за луѓе кои не се дел од јавниот живот, но биле подготвени да платат. Цените се движеле од 1.000 до 5.000 евра за ноќ. Шавија и Станковиќ се проституирале со бизнисмен со кој биле на неколку тајни локации во центарот на Белград, а Мартина Рајиќ била фатена на дело. Покрај Бањац, Анѓелиќ и Јелена Јојиќ Мадам, упсена е и Мартина, која нема да биде донесена на распит во обвинителството бидејќи е донесена во Прекршочниот суд поради проституција“, открива извор за српски Репортер.

Макроата Душко и Никола наводно подолго време живееле заедно.

„Анѓелиќ е познат фитнес инструктор, додека Бањац е познат во естрадните кругови, со оглед на тоа што извесен период работеше како менаџер. Тие двајца веќе подолго време живеат во љубовна заедница, а инаку приватно се блиски со старлети кои сега се осомничени за проституција и кои се уапсени. Се случувало да се договараат работи додека сите биле излезени на сплавови, па на девојките само со повици им се давале адресите каде и кога да се сретнат со клиенти“, открива изворот.

Scroll to Top