На Ален Мациниќ, публиката се сеќава уште од првото издание на хрватскиот Биг Брадер, далечната 2004 година, а минатата година се појави во регионалното, малку поинакво ријалити шоу. Во меѓувреме, стана успешен претприемач, се ожени, но го набилда и телото, со кое се пофали на Инстаграм.
„Ултра перо лесна категорија (се се може ако се сака)“, напиша на фотката на која се пофали и со тетоважата. За да покаже колкава трансформација направил, со новата фотка, стави и една од 2015 година, каде немал таков тренинг.
„Секоја чест“, „браво“, „опа“, беа само некои од коментарите на неговите воодушевувачки пријатели и обожаватели.
По излегувањето од куќата на регионалниот Биг Брадер, во брачните води вплови со со долгогодишната девојка Ливија, со која подоцна учествуваше во шоуто „Менувам жена“. Неколку дена Ливија мина кај Раде Васиќ, додека сопругата на Васиќ, Рада дојде во куќата на Ален.
Судејќи според објавите на социјалните мрежи, на Ален бракот и тоа како му годи.