Фолк-пејачката Ана Бекута, која веќе осум години е во врска со поранешниот српски министер, Милутин Мркоњиќ Мрка, во интервју откри дека и понатаму е заљубена во него и дека страста е подеднакво силна како и на почетокот.
„Најважни се љубовта, почитта и поддршката. Тоа нè одржува сите овие години. Секако дека за успешна врска е важна и страста. Јас можам да се пофалам дека во нашата врска и понатаму има страст. Или, што би рекол Милутин, мерата ни е „три пати на ден“. Но до сега сме немале криза во врската, дури ни некој поголем проблем“, рекла пејачката.
Бекута, која неколку години е член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, на почетокот не сакаше да зборува за љубовта со Мрка, особено што во јавноста се коментираше дека таа врска нема да опстои. Но, сега често одговара на прашања врзани со него, а двојката постојано се појавува заедно на јавни настани, дури и гостуваат заедно во телевизиски емисии.