(Фото) Ана Николиќ ослабна 50 килограми

Српската пејачка Ана Николиќ успеала да ослабне повеќе од 50 килограми, а открила и на кој начин ја регулирала килажата и како изгледа нејзината диета.

Пејачката откри како изгледаат седум дена здрава исхрана на која таа се придржува.

„Мојата тајна за тоа како ослабнав се течностите. Нешто најважно во исхраната се течностите. Јас имам своја утринска рутина. Веднаш кога ќе станам, пијам две чаши вода. Понекогаш со лимон. Потоа следи мојот доручек. Често доручкувам јајца на око со домати или некој друг зеленчук. Понекогаш може да пробам само свежа салата. За време на ручекот јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Ги исфрлив јаглено хидратите (бело брашно) и се држам до диетата да внесам само од 1000 до 1200 калории. Се одреков од слатките. Од месо јадам само риба. Ако ми падне шеќерот, тогаш јадам лажичка нутела и си замислувам дека сум пробала сè. Симнувањето на вишокот килограми е работа на психата“, изјавила Николиќ и додала.

„Човек мора цврсто да одлучи дека сака да промени нешто кај себе и тогаш ќе успее во тоа. Првите месеци ми беше тешко, но човек се навикнува. Со помош на таблетите за слабеење, не чувствував глад и немав потреба за вечера. Ако огладнев, ќе пробав некоја салата. Крставици или само зелена салата. Што помалку солено, толку подобро. Пијам од 2 до 3 литри вода дневно. Понекогаш и четири литри“, вели Николиќ.

Scroll to Top