(Фото) Ана Николиќ повторно секси, пејачката во бикини на Тајланд

Српската пејачка Ана Николиќ е на одмор на Тајланд со ќерката Тара. Таа објави неколку слики во бикини и покажа дека е повторно секси. На фотографиите Ана лежи на песокот и излегува од вода, а фановите воодушевени од нејзиниот изглед, ѝ оставија коментари дека изгледа совршено.

Некогашниот секс-симбол неколку години се мачеше да ги симне килограмите, но сега ја врати линијата. Таа за медиуите често изјавуваше дека слабеењето ѝ оди многу тешко, особено по раѓањето на ќерката. Од неодамна Ана вежба и не крие дека користи апчиња за слабеење. Сега често споделува разголени слики на Инстаграм и не крие дека е среќна што конечно ослабе.

Scroll to Top