Фолк-пејачот Аца Лукас и неговата бивша жена Соња Вуксановиќ беа заедно во Рим со нивната ќерка Викторија. Поранешните сопружници се дружеа во Италија, каде што Лукас и Цеца викендов пееја на ромска свадба. Па откако на Инстаграм се појавија слики дека се во Рим во исто време, српските медиуми повторно пишуваат дека Лукас и Вуксановиќ ја обновиле врската.
„Сите сме убедени дека Соња и Лукас се повторно заедно. Слушнавме дека тој е во Рим со неа, но тој не ја донесе на свадбата. Тој пееше само еден час, а таа веројатно остана во хотелот со Викторија. Мојот колега рече дека ги видел заедно во еден италијански ресторан, но се срамел да им се јави“, рекол пријател на Лукас.
Аца и Соња се венчаа во 2010 година, а се разведоа седум години подоцна. Нивниот развод траеше две години и имаше бројни скандали. Лукас не криеше дека ја сака Соња повеќе од која било друга жена, а Соња го задржа неговото презимето и по разводот.