По повод Меѓународниот Ден на Жената, познатиот италијански тенор – ѕвездата со моќен глас Андреа Бочели се претстави во Загреб со спектакуларна програма од два дела.
Во првиот дел Бочели ги изведе најпознатите класични опери, додека во вториот дел се претстави со неговите најголеми љубовни хитови и на публиката им овозможи вистинско музичко уживање.
Првиот дел заврши со Бриндиси од Ла Травиата, дело од Верди, а вечерва Загребската филхармонија беше придружувана од академскиот хор Иван Горан Ковачиќ, а отворија со Хорот на евреите од Набуко од Верди.
Андреа Бочели во дует со Ед Ширан ја остварија и „Perfect Symphony“, (Совршена симфонија), во која освен Бочели кој пее на италијански јазик, може да се чуе и самиот Ед Ширан.