Турскиот актер Бурак Оџевит, кој се прослави во улогата на Бали бег во серијата „Сулејман Величествениот“, објави фотографии на социјалните мрежи со неговиот син Каран.
Бурак го држи Каран во прегратка и вели дека заплакал од среќа. Актерот стана родител со својата сопруга Фахрије Евчен на 13 април. Ден потоа на својот син му отвори инстаграм-профил.
Иако многумина од фановите го осудија ваквиот потег, Бурак се оправда велејќи дека тоа го направил за да спречи други лажни профили. На профилот на Каран засега нема фотографија, но има 142.000 фанови.