(Фото) Базен на катот, соба за масажа, нов мебел, Цеца сака да ја реновира вилата на Кипар

Пејачката Цеца Ражнатовиќ планира да ја реновира вилата на Кипар. Таа во лето често патува во Грција, на море, па сега сака да ја реновира вилата за да си направи спа-центар за себе и гостите.

Иако веќе има голем базен во дворот, Цеца на последниот кат планира да направи уште еден помал, со две џакузи и соба за масажа. Медиумите пренесоа дека за 400 квадрати, колку што планира да ги реновира, сака да потроши илјадници евра.

 Ceca renovira vilu na Kipru - Instagram/viki_miljkovic/printscreen

„Цеца веќе има проект за реновирање на куќата. Планира целосно да ја промени, до најситините детали. Ќе крене уште еден кат, трет, каде што ќе направи спа-центар. Ќе вгради и џакузи, од каде што ќе има директен поглед на морето, како и сауна. Бараше да ѝ се направи и посебна соба за масажа“, открива извор близок до неа, кој објасни дека сегашниот базен нема да го реновира затоа што децата обожаваат да се бањаат и сончаат покрај него.

 Ceca renovira vilu na Kipru - Instagram/viki_miljkovic/printscreen

„Огромен е и во него може да плива целото семејство. Вељко и Анастасија обожаваат да се бањаат и сончаат, а откако Цеца го доби и внукот Жељко, најмногу тој сака да се бања во него. Сепак, затоа што дворот им е огромен, ќе додадат уште едно џакузи покрај него“, рече изворот.

Тој дополни дека Цеца максимално му се посветила на овој проект и дека во тоа ѝ помага кумата Вики Миљковиќ, а целиот концепт го осмислила сестра ѝ Лидија.

 Ceca renovira vilu na Kipru

„На приземјето ќе има огромен дневен престој со камин затоа што Цеца сака во куќата да престојува и во зима, а не само во лето. На катот секоја спална соба, по реновирањето, ќе има своја бања. Во вилата ќе биде вграден и лифт со кој Цеца ќе може полесно да се качува на катовите. Со работа, наводно, ќе почне наесен кога ќе бидат дадени сите дозволи за градба, а Цеца веќе наголемо избира мебел, столарија и слично“, рече тој.

 

 Ceca renovira vilu na Kipru - Instagram/viki_miljkovic/printscreen
 Ceca renovira vilu na Kipru - YouTube/Ami G Show
 Ceca renovira vilu na Kipru
Scroll to Top