(Фото) Беквалац објави слика како изгледала во младоста

Наташа Беквалац објави стара фотографија пред дваесетина години. Пејачката се потсети на времето кога пеела на детскиот фестивал „Белградска пролет“. Се пофали дека самата си ја избрала облеката и се шминкала.

„Јас на 17 години, на фестивалот ‘Белградска пролет’. Самата се шминкав, самата си го избрав фустанот“, напиша Беквалац.

Многумина ѝ коментираа дека била слатка и неодолива во тинејџерските години. Тие ѝ напишаа дека не е природно русокоса и дека била поубава кога имала природна смеѓа боја на косата.

„Колку само си се изменила. Подобра и поубава си била кога си била природна“, биле некои од коментарите.

Scroll to Top