Српската актерка Лидија Вукичевиќ во бел проѕирен фустан, со тантела, дојде на црвениот тепих на Изборот за Мис Србија. Под белиот фустан се гледаше и белата долна облека. Вукичевиќ, која публиката ја памети во серијата „Подобар живот“, има 58 години и изгледа одлично. Српските медиуми неодамна објавија нејзино интервју во кое таа раскажува како им се спротивставила на режисерите кои ја терале да се соблече за време на снимањето на популарната серија „Жикина династија“.