(Фото) Бел цвет на гробот на Глоговац

Во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта денеска е одржан 40-дневен помен на славниот српски актер Небојша Глоговац.

Поменот почнал нешто пред 11 часот во црквата Свети Никола со пеење на хорот на Дивна Љубојевиќ.

Меѓу првите на гробиштата стигнаа најблиските на Глоговац, таткото Милован, мајката Милена, сопругата Милица, со која ја има ќеркичката Сунчица, првата сопруга Мина и синовите Милош и Гаврило, но и колегите Драган Мичановиќ, Никола Џуричко и Војин Четковиќ.

Небојша Глоговац е погребан на 12 февруари покрај Милорад Мандиќ Манда, во истиот ред каде што се наоѓаат и гробовите на Драган Николиќ и Велимир Бата Живојиновиќ. Опело служел таткото на Небојша, свештеникот Милован Глоговац, заедно со митрополитот Амфилохија Радовиќ, додека неговите синови го носеле крстот.

Комеморативниот собир бил одржан во Југословенскиот драмски театар во присуство на семејството, пријателите и колегите, а завршил со громогласен аплауз и солзи кај сите присутни.

Небојша Глоговац е роден на 30 август 1969 година во Требиње. Неговиот татко е свештеникот Милован Глоговац, а мајка Милена Глоговац.

Семејството се преселило во Панчево кога Небојша имал само 7 години. Глоговац имал мала улога во популарната серија „Подобар живот“ (1987 година).

По средното училиште се запишал на студии по психологија на Филозофскиот факултет во Белград. По две години студии се предомислил и во 1990 година глумел на белградскиот Факултет по драмски уметности во класата на професор Владимир Јевтовиќ.

 

Scroll to Top