(Фото) Браќата Матиќ кога биле бебиња

Српските пејачи Саша и Дејан Матиќ секогаш го привлекуваат вниманието на јавноста. Неодамна на профилите на социјалните мрежи на Дејан Матиќ беше објавена фотографија на која тој и Саша се сликани како бебиња. Фотографијата предизвика многу коментари од нивните фанови кои напишаа дека биле многу слатки бебиња, ама дека и денеска се убави мажи.

Пејачите се меѓу омилените на публиката во Србија, колку поради музиката, толку и поради тажната животна приказна.

Во едно скорешно интервју Дејан изјавил дека во минатото најголема поддршка им биле нивните родители Драгица и Зоран, а дека подеднаква поддршка добиваат од своите сопруги.

Scroll to Top