(Фото) Бранислав Лечиќ има нова девојка откако беше обвинет за силување

Актерот Бранислав Лечиќ има нова девојка, неколку месеци откако глумицата Данијела Штајнфелд го обвини за силување. Српскиот портал „Република“ објави фотографии направени на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде Лечиќ држи за рака непозната дама.

„Новата девојка на Бранислав Лечиќ е истата како неговата поранешна сопруга Нина Радуловиќ, но малку пониска“, пишуваат медиумите и додаваат дека во време кога сите му свртеа грб заради обвинувањата за силување, новата девојка му е голема поддршка.

„Не давам изјави, не коментирам ништо“, рекол Лечиќ за медиумите и не открил која е дамата со која го сликале на аеродромот.

За потсетување, пред една година, актерката Данијела Штајнфелд, која се прослави со улогата на Мариола во филмот „Ивкова слава“, откри дека пред десетина години ја силувал моќник од српската филмска индустрија, а пред неколку месеци кажа дека тоа е актерот Бранислав Лечиќ, со кого глумела заедно во неколку претстави во театар.

Scroll to Top