Семејството Живојиновиќ синоќа го прославија породувањето на српската пејачка Александра Пријовиќ.
На забавата најрасположена беше Лепа Брена, која во чест на раѓањето на внукот Александар ги забавуваше гостите до раните утрински часови. За таа пригода претходно српската пејачка на социјалните мрежи споделила фотографија, на која таа заедно со нејзиниот син Филип и снаата Александра наздравуваат прегрнати.
На забавата се појавија голем број гости и колеги од естрадата, а меѓу нив беа и Драган Којиќ Беба и Никола Роквиќ.
Младиот татко Филип носел маица со натпис „Нам животот ни даде сè“ и „Добредојде сине“. Пријовиќ се породи вчера и на свет донесе здраво машко бебе тешко 2800 грама.