(Фото) Брена не старее

Српската фолк-пејачка Лепа Брена летово го минува на хрватскиот остров Хвар. Пејачката сподели фотографии во костим за капење, а обожавателите ѝ пишуваа дека дека одлично изгледа.

„Оваа жена не старее. Ех, да беше сега во триесеттите години“, беа некои од коментарите на фановите.

Брена често го посетува Јадранот за време на летните одмори. Лани таа беше во посета на островот Раб, во друштво на колешката Сања Ѓорѓевиќ. Лепа Брена до неодамна беше актуелна со свадбата на синот Филип и снаата Александра Пријовиќ, настан за кои медиумите потоа пишуваа со месеци.

 

 

 

 

Scroll to Top