Лепа Брена и Зорица, првата жена на Боба Живојиновиќ се сложуваат одлично. Најпрво Брена на својот инстаграм-профил објави слика од свадбата на Филип на која е со Зорица и Борка, мајката на Александра Пријовиќ. Неколку дена подоцна српските медиуми објавија стари слики од кафеана на која двете жени се гушнати.
„Боба и Зорица се разведоа 1991 година, а двете жени по неколку години почнаа да се дружат и одлично да се сложуваат,“ вели извор близок до семејството Живојиновиќ. Тој рекол и дека Брена од самиот почеток била вклучена во воспитувањето на Филип, кој е син на Зорица и дека иако ја вика Брена, тој со неа се однесува како со вистинска мајка.
Брена и Зорица честопати се дружат и без Боба, но тоа е најчесто во домот на едната или на другата, оти не сакаат медиумите да прават спектакл од нивниот живот, додал истиот извор.