(Фото) Брена згодна во бикини без фотошоп

Фолк-ѕвездата Лепа Брена неодамна беше на семеен одмор на црногорското приморје. Нејзиниот помал син Виктор објавуваше многу фотографии и видеа од одморот, а на една од нив е Брена која се спрема да скокне во вода. Медимите во Србија ја преземаа фотографијата со коментар дека иако е во шестата деценија, Брена изгледа одлично во бикини и дека не ѝ треба фотошоп како на многу нејзини колешки. Тие не ги штедеа комплиментите за изгледот на пејачката.

Брена, пак, за српските медиуми изјави дека сака да се опушти пред да започнат последните подготовки за свадбата на Филип Живоиновиќ и Александра Пријовиќ што ќе се одржи за помалку од два месеца.

Веднаш по одморот таа се врати во Белград, каде што беше специјална гостинка на концертот на Марија Шерифовиќ.

 

Scroll to Top