(Фото) Дејан Миличевиќ доживеа мозочен удар

Режисерот Дејан Миличевиќ доживеа мозочен удар. Тој се наоѓа во болницата Свети Сава во Белград и е во стабилна состојба.

Миличевиќ напиша на социјалните мрежи дека вчерашниот ден бил кобен за него и за многу луѓе кои во тој момент се нашле во негова близина. Тој им се заблагодари и на тимот доктори кои со брзата интервенција се погрижиле да не дојде до посериозна интервенција.

„Фала му на Господ добро е. Ќе го преживеам ова и ќе бидам уште појак. Вчерашниот ден беше кобен за многумина. Му благодарам на тимот за мозочни удари во болницата „Свети Сава“ за брзата интервенција и деталната анализа и посветеност. Им благодарам на докторите, на моите сестри и брат ми кои престојот тука ми го прават сјаен. (За оној кој го пратил овој енергетски удар на мене, следи бумеранг)“, напиша Миличевиќ на Инстаграм.

Scroll to Top