(Фото) Драгана Мирковиќ празнично во Лондон

Фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ последниве години се посветила на турнејата „Од милион една“, па по многуте концерти, одлучила да се одмори за првомајските празници.

За дестинација го избрала Лондон, но во овој град овој пат се упатила без сопругот Тони Бјелиќ. Српската пејачка минала неколку дена во престолнината Велика Британија со пријателите, пејачот Димиј и диџејот Мартин, со кого ги разгледала знаменитостите на градот.

„Поради тоа што Британците оваа година го слават 7 мај како празник на трудот, работеше сѐ, така што можевме на мир да посетиме повеќе локации. За среќа, нѐ послужи и времето, па сѐ беше како што можевме да посакаме“, ги пренела Драгана своите впечатоци од посетата на Британија.

Scroll to Top