(ФОТО) Елчин и Бариш ги израдуваа децата со посебни потреби

Турската актерска двојка од филмот „Време за среќа“, Елчин Сангу и Бариш Ардуч, беа гости во една емисија на Турската телевизија. Двајцата актери беа поканети да се дружат со децата со посебни потреби кои беа поканети во емисијата. Турските медиуми го поздравија овој потег на познатите актери потенцирајќи дека на овој начин успеале да ги израдуваат и овие деца, кои треба да бидат вклучени подеднакво во општеството.

Неодамна беше премиерата на филмот „Време за среќа“. Актерите изминатиов период постојано се на патување и го промовираат филмот, прво во Турција, а потоа во Азија.

Scroll to Top