(Фото) Емина и Мустафа повторно заедно

Мустафа Сандал и Емина Јаховиќ повторно привлекоа внимание во јавноста откако заедно се фотографираа на доделување награди.

Емина поминала покрај поранешниот партер, кој ја викнал да се сликаат заедно.

„Додека Мустафа им давал изјави на новинарите, Емина преминувала на другата страна за да стигне до сцената. Сандал ја видел поранешната сопруга во толпата и неконтролирано почнал да ја довикува. Тој ја поканил да му се придружи и заедно да дадат изјава“, откриваат турските медиуми.

„Тој беше среќен кога ја виде, не ја отстрани насмевката од лицето, а Емина беше малку зачудена од целата ситуација, но сепак успеа да остане доследна”, пренесоа турските медиуми.

Мустафа и Емина останаа во добри односи по разводот, а во заедничкото соопштение што го дадоа по раскинувањето тврдеа дека нивната одлука нема да влијае на фактот дека тие се пријатели.

Scroll to Top