(Фото) Емина Јаховиќ ги запозна родителите на нејзиното момче

Пејачката Емина Јаховиќ ги запозна родителите на своето ново момче, турскиот милијардер Садетин Саран. Еден од најмоќните бизнисмени на својот инстаграм-профил објави заедничка фотографија со Емина и неговото семејство.

Станува збор за роденден на еден од родителите на Садетин, на кој присуствувала и Емина. Пејачката веќе од поодамна расчисти со нејзината поранешна љубов, турскиот писател Мустафа Сандал, па турските медиуми сега ги интересира нејзината нова љубов.

Магазините и таблоидите се преплавени со фотографии и стории со Емина и Садетин.

 

Scroll to Top