Пејачката Емина Јаховиќ која деновиве е во центарот на вниманието поради своето ново момче, турскиот мултимилионер Садатин Саран, е повторно активна на социјалните мрежи. Пејачката на своите фанови им сподели фотографија од нејзината младост.
Фотографијата е направена пред пејачката да направи интервенција на носот. За разлика од нејзините колешки кои кријат дека се подложни на естетски зафати, Емина отворно призна дека направила корекција, а дури и решила да се пошегува на своја сметка.
Пејачката во јавноста сподели фотографија стара 12 години, направена во Њујорк, на која позира со својот пријател Нино. Под истата остави коментар.
„Нино и јас во Њујорк пред 12 години. Пред мојата операција на носот и пред да ослаби“, се пошегува Емина на фотографијата, на која за кратко време собра голем број лајкови и коментари од фановите.
View this post on Instagram