Новата година за пејачката Емина Јаховиќ не почна најдобро. Емина на социјалните мрежи објави дека починала нејзината баба за која пејачката вели дека била многу блиска.
„Сега имам анѓел чувар на небото. Мојата драга баба. Ќе ми недостигаш, ќе ни недостигаш на сите. Почивај во мир“, напишала Емина на Инстаграм.
За Емина изминатиот период беше многу бурен. По една деценија, пејачката се разведе од турската ѕвезда Мустафа Сандал. Потоа влезе во нова врска со турскиот милијардер Садетин Саран.
Но, сепак турските медиуми објавија дека оваа врска не траела премногу долго, затоа што Емина јавно излзе во јавноста со изјава дека не сакала да се мажи.