(Фото) Фановите ја обвинија Карлеуша дека го копира стилот на Кание Вест

By

Фановите ја обивнија Јелена Карлеуша дека му го копирала стилот на Кание Вест, по последната објава која му ја посвети на американскиот рапер. Таа објави стихови од неговата песна „Е.Т.“ и се сликаше со очила кои многу потсетуваат на вонземјанин.

dobivaj vesti na viber

„Девојко, ти си вонземјанин. Твојот допир, е толку туѓ. Тоа е натприродно, вонземјански“, напиша Карлеуша, по што дел од фановите ја обвнија дека му го копирала стилот.

„Пак во стилот на Кание“, и напишаа тие, а имаше и такви кои ја пофалија и порачаа дека Карлеуша отсекогаш знаела да биде поинаква и уникатна.

„Вонземјанска жено, гори небото, гори земјата, една е Карлеуша“, беа оние кои застанаа во нејзина одбрана.

Стиховите кои ги објави Карлеуша се од песната „E.T.“ која Вест ја отпеа со пејачката Кети Пери. За потсетување, Вест минатата година ја заследи Карлеуша на „Инстаграм“, а таа како благодарност му се соблече гола.

Таа објави фотографија позирајќи само со неговите патики додека ги слуша неговите песни. Подоцна му посвети уште неколку објави и почна да ја копира неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан во нејзиниот моден избор.

 

Ќе ви се допадне