(Фото) Германци ја застануваат Ана Севиќ на улица оти мислат дека е порноѕвезда

Српската пејачка Ана Севиќ неколкупати се нашла во непријатна ситуација во Франкфурт кога мажи побарале нејзин автограм на улица, но не затоа што е позната српска пејачка, туку мислеле дека е германска порноглумица, пишуваат српските медиуми. Ана личи на порноглумицата Даниела Каценбергер, која е и популарна реална ѕвезда во Германија.

Па, така, неодамна беше објавена фотографија од Ана и во забавна емисија на телевизијата РТЛ. Фотографијата била објавена по грешка, а во емисијата водителите и гостите го коментирале имиџот на Даниела и тоа дали изгледа поубаво како русокоса или бринета, но на сликата со темна коса, всушност, е Ана.

Поранешна жена на Дарко Лазиќ последниве месеци е често во Германија бидејќи нејзиниот свршеник, Даниел Недељковиќ, има своја фирма во Франкфурт. Ана и Даниел набргу очекуваат бебе.

Ана и Даниела
Даниела Каценбергер
Scroll to Top