Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ на Инстаграм објави фотографија стара две децении. Ноле сè врати на спомените од детството, кога бил пратен на тениски камп на Копаоник.
„Добрите стари денови минати на тенискиот камп“, бил кратјиот опис на Ноле на фотографијата.
На фотографијата друштво му прават двајца пријатели, а на голем дел од фановите на прв план им упаднал неговиот стајлинг. Тие велат дека како и повеќето деца во текот на деведесетите и Ноле бил „дизелашки“ облечен.
Ноле на себе носел шушкавец и краток шорц, во бои карактеристички за тоа време.