(Фото) Голи во еротски пози, Сара Јо и Наташа Беквалац ја поддржаа Парадата на гордоста во Белград

Голи во еротски  пози, Сара Јо и Наташа Беквалац застанаа пред фотообјективот на Милош Надаждин по повод Парадата на гордоста во Белград.

Беквалац ги сподели фотографиите на социјалната мрежа Инстаграм за сите оние кои немаа можност да ги видат во галерија. Судејќи по палетата бои, двете популарни пејачки  прават метафора за Адам и Ева, само без Адам.

Со подигање на знамето на виножитото пред Палатата Србија во Белград, официјално започна манифестацијата Европрајд 2022.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)


Манифестацијата Европрајд 2022 треба да трае до недела (18 септември), а маршот е најавен да се одржи в сабота, 17 септември, со почеток во 17:30 пред зградата на Народното собрание.

Европрајдот е најзначајниот европски настан на ЛГБТИ-заедницата. Одлуката тој годинава да се одржува во Белград е позната уште пред три години со добивањето на лиценцата за одржување. Сепак, десничарските парламентарни партии, некои претставници на Српската православна црква (СПЦ) и неформални здруженија на граѓани во последниов месец преку маршеви и протести бараа забрана за одржување на парадата.

Scroll to Top