Турската актерка Мерием Узерл го смени имиџот, па повеќе не е русокоса, туку бринета. Фотографиите ги сподели на својот инстаграм-профил, а обожавателите ѝ пишуваат дека и вака е убава, но, сепак, да си ја врати старата боја на косата. Публиката кај нас ја запозна Мерием како Хурем Султан од популарната серија „Величествениот“.
Актерката неодамна се врати од одморот во Дубровник, каде што беше со новото момче и пријателите. Хрватските медиуми објавија фотографии од актерката како шета во Дубровник облечена во дресот на Хрватска, пред финалето во фудбал кога Хрватска играше со Франција.