Убавата турска актерка Мерием Узерли, позната по својата улога на Хурем од серијата „Величествениот“, е на Малдиви. Таа сподели неколку фотографии на својот инстаграм-профил. Сепак, актерката и во бикини ги разочара фановите, кои велат дека претерала со естетска хирургија.
Тие коментираат дека кога се појавила во серијата за Султан Сулејман пленела со својата природна убавина, а дека сега воопшто не личи на себе.