(Фото) Игор Којиќ ја разладува Северина зад сцената

Северина на социјалните мрежи објави фотографија за време на концертот кој го имаше во Сараево. Зад сцената нејзиниот сопруг Игор Којиќ ја разладува додека таа се подготвува за настапот.

Којиќ се труди да и удоволи на секој можен начин, а обожавателите тоа го поздравија.

„Одлични сте, тоа се вика љубов, без конкуренција“, се само некои од позитивните коментари под објавата.

Некои од обожавателите фотографијата ги потсети на филмот „Девојка од милион долари“, со оглед на боксерскиот аутфит кој Северина се одлучила да го носи.

Претходно Северина и Игор присуствуваа на свеченото отворање на 24 Сараево филм фестивал.

 

Scroll to Top