(Фото) Инди доживеала сообраќајна несреќа

Пејачката Индира Арадиновиќ – Инди доживеала сообраќајна несреќа во верижен судир во Белград. Во судирот учествувале три автомобили, од кои едниот бил на пејачката. За среќа, никој во несреќата не е повреден.

Пејачката по тој повод се огласи на „Инстаграм“, каде што ги смири фановите велејќи им дека е добро.

„Луѓе, благодарам што ме барате, пишувате, се грижите. Јас сум ОК, а судирот му направи штета само на возилото“, напишала Инди.

Потоа споделила фотографија од возилото како изгледа по судирот.

 

Scroll to Top