(ФОТО) „Исповраќајте си во уста“ – Раста го објави лекарскиот извештај па жестоко удри по Иван Ивановиќ

By
Раперот на својот Инстаграм објави документ од судското вештачење, во кое јасно пишува какви повреди има Лока по конфликтот со Раста.

Стефан Џуриќ Раста и Слободан Нешковиќ Лока, соработник на Иван Ивановиќ, имаа инцидент на 18 април по што водителот тврдеше дека раперот го претепал. Како што ексклузивно објавивме пред неколку дена, поточно на 20 јули, во медицинската документација до која дојдовме, стои мислењето на лекарскиот вештак, кој гласи вака (ви пренесуваме):

Според податоците од списокот се гледа дека предметниот настан се одиграл на 18.04.2017 година, околу 12:30 часот, и дека Нешовиќ Слободан, за прв пат е прегледан во Ургентниот центар во Белград, истиот ден во 14:45 часот, односно на околу 2,5 часа подоцна во однос на времето на денешниот предмет на случување. Во Ургентниот центар во Белград, Нешовиќ Слободан е прегледан од страна на лекарите специјалисти во општа хирургија, ортопедија и неурохирургија и во таа прилика на телото на Слободан Нешовиќ, објективно не се констатирани какви било надворешни повреди.

Документот кој го објавивме на 20 јули, синоќа доцна на својот Инстаграм го објави Раста, со силна порака и неколку навреди упатени кон Лока и Иванка Ивановиќ.

„Документот од судскиот вештак во кој пишува дека Лока го исценирал целиот „напад“, само за да ги избегне своите обврски и го сокрие својот мафијашки систем на делување. На крајот, вистината секогша излегува на виделина… Лока, таксистот во обид да стане водител, и летната балкон трибјут пејачка од неговата „емисија“, можат да си исповраќаат себе си во уста, поддржувајќи ги измамниците… Иако вие сите сте исти…“, порача Раста.

Ќе ви се допадне

Planetes Picture Drama Episode 9

Sousei no Aquarion Evol (Dub) (https://animeflix.nl/m/MymN) Episode Full

AniWatch: Your Name. anime episode Full online free at https://aniwatch.pro aniwatch.me

Website https://animeheaven.pro: Watch ORESUKI Are you the only one who loves me? animeheaven Episode 12 animeheaven unblocked

Behance: https://www.behance.net/animefreakws/

Tcvg hochiminhcity: http://www.tcvg.hochiminhcity.gov.vn/Lists/gopy/DispForm.aspx?ID=1277