(Фото) Јелена Ѓоковиќ изненади во бикини

Јелена Ѓоковиќ е на одмор во Шпанија, во летувалиштето Малага, а  секој слободен момент го користи да се опушти  додека нејзиниот сопруг настапува на турнирот од мастерс серијата во Синсинати. Таа е заедно со синот Стефан, а денеска објави заедничка фотографија на која тој ја фотографира својата мајка.

Ова е една од ретките прилики кога сопругата на Ѓоковиќ позира во бикини. Таа изгледа одлично и по две породувања. Линијата ја одржува со постојано вежбање, но има и посебен режим на исхрана.

„Не јадам риба, месо, млечни производи, шеќер. Мојата диета е 70 отсто сирова храна, 30 отсто варена (супа, тестенини, киноа, ориз). Јас немам проблем со глутенот, но сепак, го избегнувам. Дали е тешко? Не, ако знаете зошто тоа го правите. И да, тешко е да се најде вистинска храна, подготвена на здрав начин. Затоа организацијата и добрата информираност е клучна. Среќна сум што имам партнер кој е посветен како и јас да остане јак и здрав. Води сметка за исхраната, иако нашите режими на исхрана се разликуваат малку“, напиша во една пригода на социјалните мрежи Јелена.

Scroll to Top