(Фото) Јелена Розга ги покажа родителите

Хрватската пејачка Јелена Розга е постојано активна на социјалните мрежи. Таа објавува видеа и фотографии од своите настапи, од патувања, фотосесии и од секојдневните активности. Но, таа многу ретко објавува семејни фотографии, со родителите Анте и Марија и со постарата сестра Јулија.

Неодамна на интернет се појавија фотографија направена на семејна веселба, на која е Розга со родителите. Нејзините обожаватели ѝ оставија порака дека многу наликува на мајка си, но имаше и такви кои ѝ напишаа дека би требала почесто да споделува фотки од убавите семејни моменти.

Scroll to Top